Совет на европската хемиска индустрија (CEFIC-European Chemical Industry Council)

Уште од создавањето во 1972 година, CEFIC израсна во една од најголемите и најефикасни мрежи за застапување меѓу индустриските трговски организации во Европа и светот. Таа претставува 29000 компании кои произведуваат 30% од светските хемикалии и вработува околу 1,3 милиони луѓе. Членови се 28 национални хемиски федерации, 6 поврзани федерации низ Европа и 50 мултинационални компании.

Повеќе информации на: www.cefic.org

Грчка асоцијација на хемиски индустрии (HACI-Hellenic Association of Chemical Industries)

HACI е формирана во февруари 1994 година од 28-те најголеми хемиски компании за производство, складирање и трговија во Грција. Од 1994 година, Грчката асоцијација на хемиски индустрии е полноправен член на CEFIC (Совет на европската хемиска индустрија).

Повеќе информации на: www.haci.gr

Одговорна грижа

Одговорна грижа е глобална волунтерска иницијатива на хемиската индустрија под чија капа компаниите, преку нивните национални асоцијации, работат заедно на континуирано подобрување на нивното здравје, безбедност и заштита на животната срормирана во 1929 година од едина. Одговорна грижа, првично е формирана во Канада во 1985 година, а во Европа е промовирана во 1990 година за да ја подигне свеста кај луѓето при производство, транспорт и употреба на хемикалиите. Од 1992 година бројот на асоцијации во хемиската индустрија кои ја прифатија етиката на Одговорна грижа порасна од 6 на 53 земји.

Повеќе информации на: www.responsiblecare.org

Главна државна хемиска лабораторија

Главната државна хемиска лабораторија е формирана во 1929 година, според Законот бр. 4328, врз основа на кој сите лаборатории кои работат во јавниот сектор во тоа време биле обединети. Овој потег доведе до создавање на еден многу моќен научно- лабораториски оддел кој набрзо успеа да се развие и да стане важен систем за контрола на квалитетот на производите во нашата земја. Зема учество во европските институции и експертски групи, во неколку области во врска со неговите активности. Спроведува проби и лабораториски тестови на различни производи, со цел да ја испита соодветноста како со националните прописи, така и со оние на Европската унија.

Повеќе информации на: http://www.gcsl.gr/index.asp?a_id=3

Национална организација за медицина

Националната организација за медицина (EOF) е формирана во 1983 година, со законскиот акт бр. 1316 и е јавен субјект на Министерстворто за здравство. Мисијата на EOF е да осигура јавно здравје и безбедност во однос на следните производи, пласирани во Грција:

  • медицински производи за хумана и ветеринарна употреба
  • медикаментозна храна од животинско потекло и адитиви во храната
  • прехрамбени производи наменети за одредена хранлива употреба и додатоци во храната
  • биоциди
  • медицински помагала
  • козметика

Повеќе информации на:

http://www.eof.gr/web/guest/home

 

Европска агенција за хемикалии (ECHA- European Chemicals Agency)

Агенцијата, со локација во Хелсинки, Финска ќе управува со процесите на регистрација, оценување, дозвола и забрана за хемиските супстанции, за да обезбеди постојаност низ цела Европска заедница. Овие REACH процеси се создадени за да обезбедат дополнителни информации за хемикалиите, да осигураат безбедна употреба и да создаде конкурентност во европската индустрија. Со оценување и одобрување на тестирани предлози, агенцијата го намалува тестирањето врз животни.

Повеќе информации на: http://echa.europa.eu/

Унија на грчки хемичари (EEX- Hellenic Chemists Unit)

EEX е јавен субјект на Министерството за индустрија, енергија и технологија. Нејзината примарна цел е да ја поромовира хемиската наука во индустријата, технологијата, образованието, истражувањето и развојот.

Повеќе информации на: http://www.eex.gr/Pages/Default.aspx

Противпожарна служба во Грција

Противпожарната служба во Грција е под Министерството за внатрешни работи. Нејзината мисија е да ја заштитат државата од опасноста пожар и други катастрофи.

Повеќе информации на:

http://www.fireservice.gr/pyr/site/home.csp

Грчка асоцијација за транспорт (PEED – Hellenic Association of transportation)

PEED е не профитна организација со грижа за заштита на интересите на компаниите членки и да ги решава нивните проблеми. Уште од формирањето таа е врска помеѓу компаниите во областа на националниот транспорт во Грција.

Повеќе информации на:
http://peed.gr/cms/

Центар за отрови

Центарот за отрови е формиран во 1975 година и е вклучен во обезбедување на информации за докторите, болниците и граѓаните при труење. Центарот е единствен во Грција и работи 24 часа дневно, 7 дена во неделата, а информациите се даваат бесплатно преку телефон.

Повеќе информации на: http://www.cc.uoa.gr/health/poisonic/

Интернационален совет на хемиските асоцијации (ICCA- International Council of Chemical Associations)

Интернационалниот совет на хемиските асоцијации е светски глас на хемиската индустрија, претставувајќи хемиски производители од целиот свет. Визијата на ICCA е дека глобалната хемиска индустрија ќе биде широко вреднувана и подржана заради економскиот, социјалниот и еколошкиот придонес кон општеството.

Повеќе информации на:

http://www.icca-chem.org/Home/About-us/

Светска здравствена организација (WHO- World Health Organization)

WHO е орган за насочување и координација на здравјето во рамки на системот на Обединетите нации. Тој е одговорен за обезбедување водство за прашања од глобалното здравство, формирање агенда за истражување на здравјето, поставување норми и стандарди, создавање опциона политика основана на докази, обезбедување техничка помош на земјите, како и следење и оцена на здравствените трендови.

Повеќе информации на: http://www.who.int/en/